Македонија

Мицкоски: Со нетрпение очекуваме да ги слушнеме идеите на Мерц

Тој додаде дека со нетрпение очекува да ги слушне конкретните концепти на самитот.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ги следи новите иницијативи за забрзување на евроинтеграциите, но дека е уште рано за конкретни коментари сè додека предлозите не добијат официјална форма.

Одговарајќи на новинарско прашање за предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, Мицкоски рече дека повеќе детали очекува да бидат презентирани на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, кој ќе се одржи на 4 и 5 јуни во Тиват, Црна Гора.

„Тие размислувања и идеи ги слушаме подолго време, но не би можел да коментирам ништо додека не станат официјални. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон минатата есен“, изјави Мицкоски при отворањето на нов трговски центар во Гевгелија.

Тој додаде дека со нетрпение очекува да ги слушне конкретните концепти на самитот.

„Ќе бидам таму и со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и идеи. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме подетално да зборуваме во јавноста“, рече премиерот.

Според медиумските информации, германскиот канцелар Фридрих Мерц во писмо до европските лидери предложил нови модели за забрзана интеграција. За Украина се предлага „асоцијативно членство“, а за земјите од Западен Балкан и Молдавија – постепено вклучување во европските институции и привилегиран пристап до внатрешниот пазар на Унијата.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top