Бизнис

Невработеноста во Македонија падна на историски најниски 11,3 отсто

Бројот на невработени првпат се спушти на околу 90.500 откога се мерат споредливите статистички податоци од 1993 година наваму

Во првите три месеци од годинава стапката на невработеност во Македонија достигна 11,3 проценти, што е историски најниско ниво откако се мерат споредливите статистички податоци во земјата од 1993 година наваму, посебно во однос на неславниот рекорд од 38,8 отсто во 1996 година.

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за 1 отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 отсто е намален во споредба со истото тримесечје од минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Со најновиот пад, бројот на невработени лица за првпат се спушти на 90.499 лица, а вкупниот број на вработени е 707.385.

Од вкупниот број на невработени лица, 62,4 проценти се мажи, а 37,6 отсто жени. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се мажи, а 42,1 отсто се жени.

Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94.197, што е за 4,3 проценти повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 отсто, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,5 отсто во секторот Градежништво.

 

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top