Македонија

ЦУК: Активни уште пет пожари

29 пожари на отворен простор до 08 часот утрово…

Центарот за управување со кризи информира дека до 08:00 часот утрово има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 2 се под контрола и 22 се изгаснати..

Активни пожари:
1. Општина Желино: с.Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација);
2. Oпштина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
3. Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација).

Пожари под контрола:
1. Општина Македонски Брод: с.Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација);
2. Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);

Изгаснати се пожари во следните општини: Студеничани (Горно Количани, Батинци), Бутел, Сарај, Кисела Вода, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Дојран, Струга, Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Тетово, Брвеница и Гостивар. (Макфакс)

Најнови вести од: Македонија

Дали ќе се казнуваат пешаци кои одат со слушалки во ушите?!

Нема повеќе безгрижно шетање по улица со слушалки или зборување на мобилен телефон додека преминувате улица – Владата до Собранието поднесе измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кои внесува ригорозни измени и за пешаците, но и велосипедистите и возачите на електрични троитнети.

Сиљановска-Давкова: Хидробиолошкиот завод е првата линија на одбрана во борбата против исчезнувањето на видовите, загадувањето на водите и климатските промени

Пастрмката да опстане во Охридското Езеро, Преспа да продолжи да биде дом на ретките птици, Дојран да го сочува рибарскиот дух, а Хидробиолошки завод да слави и по следните 90 години

To top