Македонија

Османи ,,плаче” затоа што премиерот го посочил како виновник за скандалозниот протокол со Бугарија

Полесно му е да плаче дека е нападнат како Албанец отколку да признае дека катастрофално згрешил како дипломат

Екс министерот за надворешни работи Бујар Османи и висок функционер на ДУИ јавно жали дека премиерот го посочил како виновник за скандалозниот протокол со Бугарија.

Но наместо да дебатира со премиерот Мицкоски и да докаже дека протоколот е добар тој ,,плаче” дека бил нападнат затоа што бил Албанец.

Со тоа Османи индиректно признава дека протколот е катастрофа и тој згрешил што го потпишал.

,,Вчера премиерот Мицкоски ме издвои лично како виновник за потпишувањето на Протоколот со Бугарија.

Протоколот беше едногласно одобрен од Владата и поддржан од 67 пратеници во Собранието. Сличен протокол, потпишан во 2019 година од министер Македонец, никогаш не се доведува во прашање.

Па, што се смени, протоколот или етничката припадност на министерот што го потпиша?

Кога еден премиер почнува да прави разлика меѓу граѓаните според нивната етничка припадност, прашањето веќе не е кого обвинува, туку кого претставува”, пишува Османи.

Функционерот на ДУИ не сака да дебатира и за првиот протокол кој го потпиша Никола Димитров затоа што е јасно дека вториот протокол е тој што ја стави Македонија во катастрофална позиција.

Најнови вести од: Македонија

To top