Новиот МНР на Словенија ја издвојува Македонија како приоритет за проширувањето на ЕУ.
Западен Балкан и проширувањето и зајакнување на односите со земјите кандидати, идни членки ЕУ како што е Македонија останува клучен приоритет на надворешната политика на нашата земја.
Тоне Кајзер ја споделува пораката која што преходно старо новиот словенечки премиер Јанез Јанша му ја упати на македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
,,Ви благодарам за вашите топли честитки, драг Христијан. Словенија и Македонија делат долга историја на вистинско пријателство и соработка. Словенија останува ваш цврст поддржувач на вашиот европски пат. Се радувам на тесната соработка со вас”, напиша Јанша.
,,Денес остварив телефонски разговор со Јанша, при што му упатив честитки по повод изборот за премиер на Република Словенија и успехот во формирањето на новата влада.
На Словенија ѝ посакав стабилност, напредок и успешна работа во периодот што следи. Ја потврдивме нашата заедничка заложба за продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете земји.
Македонија и Словенија продолжуваат да градат силни врски засновани врз меѓусебна почит, европски вредности и заедничка визија за развој, стабилност и подобра иднина за нашите граѓани”, му порача Мицкоски на Јанша.