Свет

Потона брод со 148 туристи во близина на Мармарис (ВИДЕО)

На драматичните кадри јасно се гледаат моментите на паника каде што големиот туристички брод опасно се наведнува на едната страна, пред за неколку минути целосно да исчезне под површината на морето

Во близина на познатото летувалиште Мармарис вчера се случила драматична морска несреќа кога туристички брод за дневно крстарење почнал да се полни со вода и на крајот потонал во близина на Рајскиот остров.

Бродот, познат под името „Big Boss“ (Големиоит шеф), превезувал вкупно 148 лица, меѓу кои 120 возрасни, 20 деца и 8 членови на екипажот. Според првичните информации, причината за навлегувањето на вода сè уште не е позната и се истражува.

Туристичлки брод , инаку тематска „пиратска“ едрилица која е исклучително популарна кај туристите, кој бил на еднодневно крстарење  кога се случил сериозниот инцидент.

Според првите информации, десетици патници почнале да скокаат во морето во паника за да се спасат, а меѓу присутните на бродот имало и дваесетина деца . Видеата што се појавија на социјалните мрежи ги доловуваат драматичните моменти во кои бродот се гледа како опасно се навалува пред целосно да исчезне под површината на водата.

Веднаш беше започната голема спасувачка операција, во која учествуваа спасувачки екипи, како и приватни бродови што се нашле во близина. Турските власти објавија дека сите патници и членови на екипажот се безбедно евакуирани и префрлени на брегот , и дека, за среќа, нема жртви или сериозни повреди.

Во официјалното соопштение на гувернерот на регионот Мугла се наведува дека екипите што пристигнале на местото на настанот ја координирале евакуацијата на граѓаните со помош на блиските пловила“ , истакнувајќи дека кај спасените туристи не се пронајдени здравствени проблеми.

Причината за потонувањето сè уште се истражува. Сепак, неколку патници тврдат дека на потонувањето му претходел пожар во моторниот дел на бродот , кој наводно предизвикал навлегување на вода, што на крајот довело до катастрофата.

Еден британски турист, кој беше меѓу спасените, го опиша шокантното искуство велејќи: „Среќен сум што излегов оттаму и што сум жив“.

Инцидентот предизвика големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија аматерски видеоснимки од самата несреќа.

На драматичните кадри јасно се гледаат моментите на паника каде што големиот туристички брод опасно се наведнува на едната страна, пред за неколку минути целосно да исчезне под површината на водата:

Најнови вести од: Свет

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

НАТО го претвора Готланд во тврдина против Русија

НАТО интензивно работи на зајакнување на одбраната на шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море, кој се смета за една од најважните и најранливи стратешки точки на Алијансата во однос на Русија, објави „Политико“.

To top