Иран и Русија се во преговори за испорака на напредните руски системи за воздушна одбрана С-400 на Техеран, изјави денеска висок ирански функционер.
Тој рече дека Иран е „оптимист“ дека рускиот претседател Владимир Путин конечно ќе ги испорача системите што Иран ги бара со години, објави британски „Телеграф“.
Според функционерот, врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, вчера го испратил својот шеф за безбедност, Мохсен Резаи, во Кремљ со лично писмо, во кое главното барање било испорака на С-400, руски ракетен систем земја-воздух со долг дострел.
Двете страни разговарале и за изградба на нов гасовод меѓу Русија и Иран.
Кремљ соопшти дека целта на посетата на Резаи на Москва е „понатамошно развивање на билатералната соработка“ меѓу двете земји.
„Фајненшл тајмс“, пак, претходно објави дека Русија се согласила да испорача 90 ракетни лансери на Иран, кои се наменети да бидат монтирани на хеликоптери.