Свет

Казни до 160 евра за возачите што возат премногу бавно во Италија

Мерката првично би се применувала на автопатите со најмалку три ленти во секоја насока

Возачите во Италија наскоро би можеле да добијат казна до 160 евра ако на одредени автопатски делници возат премногу бавно.

Предложената мерка треба да ја подобри проточноста на сообраќајот и најпрвин би се применувала на автопатите со шест ленти.

На делниците со најмалку три ленти во секоја насока, во левата лента би важела минимална брзина од 100 километри на час.

Ќе останат исклучоци кога знаците наложуваат поинаква брзина или кога условите на патот го бараат тоа – при густа магла, силен дожд, несреќи, градежни работи или застој.

Казните би се движеле од 40 до 160 евра. Тие се дел од нацрт-законот за безбедност во сообраќајот што владата го одобри во октомври и го испрати во парламентот. Мерката ќе започне да важи откако ќе биде усвоен конечниот текст на законот.

Италијанските автопати секоја година ги користат милиони туристи.

Според податоците на агенцијата ИСПРА, пред две години околу 40,7 милиони странски посетители влегле во земјата со автомобил, што е речиси 46 отсто од сите меѓународни пристигнувања.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top