Претседателот на Комисијата за европски прашања и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, нагласува дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија категорично потврдил дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце, за разлика од претходното предводено од СДСМ.
„Во однос на законите со европско знаменце, ние ги поминуваме на Комисијата за европски прашања со една нормална динамика и тоа што би сакал да го нагласам, во Извештајот категорично пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило методот на европско знаменце за некој закон, којшто е надвор од европската регулатива да го протне како закон којшто му е важен на владејачкото мнозинство“, изјави Милошоски во Дневникот на ТВ Алсат.