Регион

На Иванка Трамп не ѝ даваат да гради туристички комплекс во Албанија (ВИДЕО)

Планот е поранешната советска воена база да биде претворена во луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра

Компанија поврзана со Иванка Трамп и со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер почна со реализација на еден од најголемите туристички проекти во Албанија.

Но, отворањето на градилиштето не поминало мирно.

Видеоснимките објавени на социјалните мрежи покажуваат турканици и физички пресметки меѓу демонстрантите и обезбедувањето.

На едно од видеата се гледа како демонстрант е одвлечен од местото на настанот, додека полицијата не интервенира.

Проектот го развива компанијата „Афинити партнерс“, која претходно беше поврзу вана и со најавите за изградба на Трамп кула во Белград.

Компанијата купила земјиште на островот Сазан, најголемиот остров во Албанија.

Планот е поранешната советска воена база да биде претворена во луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра.

Албанските власти го поддржаа проектот и покрај критиките од еколошките организации и дел од локалното население.

„Лајме јаворе“ претходно напиша дека рокот за изведба бил продолжен до крајот на 2026 година поради тензиите. Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека островот Сазан никогаш не бил заштитетно подрачје освен за војниците во времето на Енвер Хоџа.

Најнови вести од: Регион

ЕК ја казнува Бугарија – лажела за буџетскиот дефицит за да влезе во еврозоната

На 3 јуни следната недела, Европската комисија ќе објави извештај со кој ќе се покрене постапка за прекумерниот дефицит на Бугарија зашто дефицитот е над 3% и ќе биде предмет на редовно следење со санкции, предупреди Радев

Пресуда за исламистот со потекло од Македонија кој сакал да убива на концерт на Тејлор Свифт

Поротата го прогласи 21-годишниот Австриец за виновен по сите обвиненија во четврток вечерта, друг обвинет беше осуден на дванаесет години затвор за формирање заговор во име на џихадистичката милиција Исламска држава (ИС)

To top