Македонија

Пеце Талевски и ОХО се горди што ќе прават филм за Слаткаристика

Горди се што ќе прават филм за проблемот на контроверзниот рапер

ОХО Продукција отсекогаш верувала во моќта на вистинските приказни. Приказни кои инспирираат, охрабруваат и оставаат трага долго по завршувањето на последниот кадар, порачува продукцијата на Пеце Талевски која од агенцијата за филм доби пари да прави филм за проблемот на кобтеоверзниот рапер Слаткаристика.

Слаткаристика доби филм во негова чест

,,Затоа сме особено горди што ќе ја раскажеме и оваа на Слаткаристика, преку Документарен филм, говорејќи за човек кој својата најголема животна пречка ја претвора во своја најголема сила.

Потенцијалот на оваа приказна беше препознаен и надвор од нашите граници преку програмата Creative Europe MEDIA, која даде поддршка за нејзиниот понатамошен развој.

А дома, суштината и важноста ја поддржаа најголемите домашни, општествено одговорни компании и Агенцијата за филм. Ви благодариме за довербата.

Најмногу од сѐ, благодарни сме на сите учесници во овој проект кој придонесуваат во можноста да раскажеме приказна која ќе даде надеж на многу деца, родители и млади луѓе кои секојдневно се соочуваат со сопствените предизвици”, пишува во соопштенито од ОХО комункиации.

Најнови вести од: Македонија

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

АХВ откри измама: Продавале „посно“ сирење, декларирано со 20 масленост

Со лабораториско тестирање на мостра од одземените 22 килограми ситно сирење, утврдено е дека биле декларирани 20 проценти млечна маст, а производот содржел само 1 процент, за што му е изречена парична казна од 3.500 евра

To top