Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 34-годишен маж од Скопје, по пријава дека упатувал закани кон својата сопруга и нејзиното семејство.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 1 јуни во 14:40 часот на подрачјето на Бит Пазар. Според пријавата, И.С. (34) се заканувал на својата 33-годишна сопруга и на членовите на нејзиното семејство.
Осомничениот бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Од МВР информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на настанот.