Македонија

Човекот кој придвижува планина, почнува со носење на мали камења, објави вицепремиерот Иван Стоиљковиќ за посетата на Кина

Се надеваме дека во наредниот период, отворајќи ги овие три прашања кои се мошне битни, пред се за нашата економија, ќе можеме да очекуваме не само зголемување на економската соработка, туку и некои работи кои би можеле доста добро да се одразат на македонската економија

Вицепремиерот Иван Стоиљковиќ учествуваше не седмата средба на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа и на Конференцијата за соработка на градовите-пријатели на Шандонг 2026.

Заменик-претседателот на владата на Македонија и министер за меѓуетнички односи, Иван Стоилковиќ, во интервју за CGTN изјави дека ова е прва посета на Кина од страна на висок претставник на Северна Македонија по десет години.

,,После подолго време, поточно по 10 години запуштени односи помеѓу нашата држава, Република Македонија и Народна Република Кина, ова е прва сериозна официјална посета на многу високо ниво. Остваривме разговор со мојот хомолог во кинеската државна политичка структура и личен претставник на претседателот Си Џинпинг, и ги отворивме трите најважни теми во областа на меѓудржавните односи помеѓу нашите две држави. Се надеваме дека во наредниот период, отворајќи ги овие три прашања кои се мошне битни, пред се за нашата економија,ќе можеме да очекуваме не само зголемување на економската соработка, туку и некои работи кои би можеле доста добро да се одразат на македонската економија. Од интервјуто за кинеската државна телевизија, програма која се емитира на територијата на Кина, но и во програмата наменета за целиот свет”, објави Стоиљковиќ.

Интервјуто е едно мало камче во градењето на добрите односи помеѓу Македонија и Кина. Емитувано е на државната кинеска телевизија или кажано во смисла на учењето на Конфучиј: “Човекот кој придвижува планина, почнува со носењето на мали камења”, објави вицепремиерот Иван Стоиљковиќ.

Стоилковиќ во интервјуто посебно ја цитира изреката на големиот мислител Конфучие: „Кина навистина има што да им даде на другите, затоа што веќе својот живот го исполнила со многу успех, со многу среќа, со многу напредок. “

Според него, развојот на Кина не само што ѝ користи на неа самата, туку таа е подготвена да ги сподели своите искуства и да напредува заедно со другите земји.

Целото интервју

Најнови вести од: Македонија

„Купиле“ бебе за 500 евра и незаконски го посвоиле

Успеале да ја убедат 35 годишната С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со нејзиниот невенчан сопруг И.А., за „финансиска помош“ и бесплатни гинеколошки прегледи да извршат незаконско посвојување на нивното новородено бебе

Градежниот сектор продолжува да биде еден од главните носители на економскиот раст

Градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, а во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да разбере дека Македонија нема да оди напред преку понижувања

Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат од владејачката партија

УЈП ја започна третата фаза од проектот е-Фактура

Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури.

To top