Македонија

Новата Фискална стратегија 2027-2031 дава надеж – инвестициите во рударството нема да се запирани

Колку за потсетување, рударството има сѐ помало учество во индустриското производство во Македонија, а секоја година тоне и бројот на вработени во оваа гранка. Во државата функционираат само четири рудници за метали, а значаен рудник се нема отворено во изминатите 40 години.

epa12330195 An employee examines samples in a pile of spodumene concentrate at the Companhia Brasileira de Litio (CBL) mining unit in the city of Aracuai, Minas Gerais, Brazil, 21 August 2025. Growing global demand for lithium, the main component of electric vehicle batteries, has turned the Jequitinhonha Valley, one of Brazil's poorest regions but home to the world's seventh-largest reserves of the mineral, into an 'El Dorado.' EPA/ANDRE COELHO

Надлежните најавуваат дека идниов период ќе се издаваат повеќе дозволи за ископ на минерални суровини. Во минатото голем број инвестиции во рудници беа спречени, а дел сѐ уште тапкаат во место, како што е онаа за рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Сега, новата Фискална стратегија 2027-2031 година, дава надеж дека инвестициите во рударството повеќе нема да бидат неосновано запирани, а со нивната реализација бенефит ќе имаат и граѓаните и државата.

Во текстот се потенцираат новите стратешки приоритети и цели во областа на енергетиката, кои се насочени и кон „подобрување на управувањето со природните ресурси и нивно рационално искористување“. Според стратегијата, целите во наредниот среднорочен период ќе се остварат преку „воведување на најдобри современи достапни практики при искористувањето на минералните суровини преку истражување и експлоатација на минералните суровини“.

  • „Исто така се предвидува планирање, поттикнување и инвестирање во истражување на сите видови минерални суровини со посебен осврт кон ретките (критични) минерални суровини, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини преку истражувања и експлоатација на минералните суровини и рекултивација на површини каде што се исцрпени минералните суровини“, пишува во текстот.

Еден од критичните минерали кои ги поседува Македонија е и бакарот, а само рудникот во Иловица би можел да произведува просечно околу 16.000 тони бакар годишно, во период од 20 години. Фискалната стратегија најавува поддршка за инвестициите, а само оваа инвестиција во првата фаза на изградба на рударскиот комплекс би тежела 340 милиони евра. Дополнително, станува збор и за стотици вработувања, а во текот на целиот период од оперативното работење ќе се исплаќаат и околу 75 милиони евра секоја година на повеќе локални и регионални компании кои се занимаваат со угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, текстилна, хемиска и дрвена индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање. Секоја година редовно ќе се исплаќаат и приближно по 24 милиони евра за законски давачки, даноци и такси во државниот буџет.

Фискалната стратегија предвидува и индикатори според кои ќе мери дали се исполнуваат целите. Па така, посебни ставки се издадените концесии за детални геолошки истражувања и издадените концесии за експлоатација на минерални суровини. За пример, во 2024 година државата издала само една концесија за детални геолошки истражувања, а сега се очекува да издава по петнаесет годишно, во периодот од 2026 до 2030 година. За да се исполнат целите, ќе се издаваат и повеќе концесии за експлоатација на минерални суровини. Во целата 2024 година власта издала само седум вакви концесии, додека пак од сега до 2030 година се предвидуваат по дваесет концесии на годишно ниво.

Неодамна усвоената Фискална стратегија е насочена кон макроекономска стабилност, одржливост на јавниот долг и поддршка на економскиот развој. Во анализата, на светско ниво се истакнува побарувачката на металите, а дополнително се потенцира и „обезбедување на простор за капитални инвестиции кои го поддржуваат растот“.

  • „Металите бележат раст поради ограничена понуда и силна индустриска побарувачка. Цените на основните метали поради прекини на производството во рудниците, додека побарувачката во индустриските сектори останува стабилна. Благородните метали првично растеа како безбедно засолниште, но потоа делумно се корегираат поради зајакнување на доларот и промени во каматните очекувања. Од друга страна, пазарот на ретки метали е високо концентриран, особено во Кина, што создава стратешки ризици за глобалните синџири на снабдување. Овие материјали се клучни за електрониката, автомобилите и зелената енергија, па нивниот недостиг може да предизвика значајни економски загуби“, се вели во Стратегијата.

Во меѓувреме, рударството има сѐ помало учество во индустриското производство во Македонија, а секоја година тоне и бројот на вработени во оваа гранка. Во државата функционираат само четири рудници за метали, а значаен рудник се нема отворено во изминатите 40 години.

Најнови вести од: Македонија

Општински советник за 4 години 700 дена не бил на работа – цел мандат се „покривал“ со потврди од претседателката на Советот

Случајот на советникот Борче Корлевски, вработен во РЕК Битола, отвора сериозни сомнежи за злоупотреба на правото на советничко отсуство, фиктивни ангажмани, исплата на плата без реален работен ангажман и користење јавна функција како параван за избегнување редовни работни обврски. Што велат за ова Корлевски и поранешната претседателка на Советот, Габриела Илиевска?

Почна Собраниската процедура на Предлог-законот за игрите на среќа

Приредувачите на игрите на среќа во автомат клуб и казино, како и за приредувачот на електронските игри на среќа, задолжително да имаат поставено глобален систем за позиционирање или GPS локација на секој автомат и да е во постојана електронска комуникација со Управата за јавни приходи. 

Директорката на ИЈЗ: Луѓе примале плата без да доаѓаат на работа

Андоновска апелираше да не се ставаат сите вработени во ист кош, истакнувајќи дека поголемиот дел чесно и професионално ја вршеле својата работа. Таа увери дека поголемиот дел од неправилностите сега се надминати.

Мицкоски: Македонија е меѓу првите пет земји во Европа по раст на БДП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше најновата статистика на Државниот завод за статистика, истакнувајќи дека Македонија според податоците на Евростат се наоѓа на петтото место во Европа по раст на Бруто домашниот производ (БДП).

To top