Свет

Тежок удар за германската дипломатија: Руското лоби ја победи Германија за место во Советот за безбедност

Поразот се смета за сериозен дипломатски неуспех и за канцеларот Фридрих Мерц, кој се соочува со зголемен притисок и на домашен и на меѓународен план.

Германија не успеа да обезбеди место во Советот за безбедност на Обединетите нации, откако во гласањето беше убедливо поразена од Австрија и Португалија.

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, резултатот го оцени како „горчлив пораз“. Тој посочи дека зад исходот стојат геополитички фактори, особено силната поддршка што Германија ѝ ја дава на Украина во војната со Русија, како и нејзината позиција во конфликтот на Блискиот Исток.

„Русија активно лобирала против нашата кандидатура“, рече Вадефул.

Германија добила само 104 гласа, додека Португалија освоила 134, а Австрија 131 глас. Со тоа, двете европски земји заедно со Киргистан, Тринидад и Тобаго и Зимбабве влегоа во Советот за безбедност.

Поразот се смета за сериозен дипломатски неуспех и за канцеларот Фридрих Мерц, кој се соочува со зголемен притисок и на домашен и на меѓународен план.

Мерц им честиташе на избраните земји и порача дека Германија и понатаму ќе го поддржува мултилатералниот меѓународен поредок и работата на Обединетите нации.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top