Регион Свет

Парламентот ја изгласа новата влада на Словенија, предводена од Јанша

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер.

„За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата .

Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите добија три министерски места, а другите пет ресори му припаднаа на Нова Словенија и на Фокус.

Јанша е роден на 17 септември 1958 година, а првпат беше премиер 2004 до 2008 година. Вториот премиерски мандат го извршуваше од 10 февруари 2012 до 20 март 2013 година, а третиот од 2020 до 2022 година.

На изборите одржани на 22 март, Словенечка народна партија освои 28 мандати, еден помалку од левичарско-либералното Движење за слобода, на претходниот премиер Роберт Голоб.

Најнови вести од: Регион Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top