Македонија

Штип ги награди најдобрите ученици во општината

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип,Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања. Порача дека вложувањето во образованието е вложување во иднината на градот и државата. За првенци на генерацијата беа прогласени Мартин Стојанов од ООУ „Гоце Делчев“, Хана Џорлева од ООУ „Тошо Арсов“, Бојана Кангалова од ООУ „Димитар Влахов“, Михаела Петковска од ООУ „Славејко Арсов“, Дамјан Чамушев од ООУ „Ванчо Прќе“, Теодора Стојчевска од СОУ „Јане Сандански“, Даниел Христов од СОУ „Славчо Стојменски“ и Гизем Мустафа од СОУ „Димитар Мирасчиев“.

-Целта на овој настан е да се дадат признанија и да се вреднува успехот на учениците, достигнување на високи резултати и достигнувања на државни и меѓународни натпреварувања. Штип е град кој се гордее со нашите ученици, затоа што изминативе години сведочиме на низа на достигнувања и на државно и на меѓународно ниво. Влогот и инвестирањето во образованието е инвестирање во иднината. Јас сум сигурен дека овие ученици се иднината на нашиот град, иднината на нашата држава и дека тие во иднина ќе успеат да го трасираат патот на рзвојот на нашата општина-изјави Јорданов.

Првенците на генерацијата истакнаа дека ова признание претставува голема чест и потврда за нивниот долгогодишен труд, постигнатите успеси и силната мотивација да продолжат со натпреварувања на повисоко ниво. Тие порачаа дека вложениот труд во учењето и натпреварите се вреднува и претставува доказ дека младите таленти од Штип имаат поддршка и препознавање за своите достигнувања на државно и меѓународно ниво. На секој првенец  му беше доделен паричен ваучер во вредност од 10.000 денари во знак на признание на вложениот труд и успех.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top