Македонија

Битиќи: Ако не влеземе во ЕУ до 2030 година, до 2050. може да имаме под еден милион луѓе

Пратеникот на СДСМ загрижен дека македонското население ќе се преполови за 24 години ако Македонија не влезе во ЕУ за четири

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, е загрижен дека Македонија ќе остане со помалку од еден милион жители до средината на векот ако не влезе во Европската Унија до 2030 година.

„Ние многу брзо ќе дојдеме во ситуација и мислам дека Владата го знае тоа и се обидува преку дискусии за демографијата, и има демографска проекција, до 2050 година ако не се преземат одредени чекори, ако не се случи претпоставката да се зачлениме до ЕУ до 2030, ако не се отвориме кон други заедници кои ќе мигрираат кај нас, ако не се случи до 2040 година да почне бран на враќање на наши иселеници, ние во 2050 година, најпесимистичкото сценарио е дека ние ќе бидеме под 1 милион луѓе“, изјави поранешниот вицепремиер за економски прашања.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top