Најдобриот македонски автомобилист Игор Иџе Стефановски доживеа несреќа на трката во Чешка.
По вчерашната лидерска позиција на табелата по одржаниот тренинг, Иџе подготвен ја почна денешната трка во Чешка, но не одеше се’ според планираното.
Трикратниот европски шампион, со кој Македонија се гордее, излета од патеката за време на денешната трка, по што дојде до оштетување на автомобилот Ферари. Иџе ја заврши трката, но сега ќе се работи на автомобилот, за да се направи се’ што е можно тој да биде подготвен за новата трка.
-Завршивме прва трка, но со сериозно излетување и удар. Ако успееме да го приспособиме за втора трка се гледаме на старт, објави Иџе на социјалните мрежи.
