Македонија

„СМАРТ лиценца“: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци, најави Андоновски

Проверка на лиценци на угостителски објекти, дозволи за градење, транспорт, логистика, осигурување, хотели како и судството за само неколку секунди

Проверка на лиценци на угостителски објекти, дозволи за градење, транспорт, логистика, осигурување, хотели како и судството за само неколку секунди. Преку скенирање на Кју ар код граѓаните, компанија, институција или инспекција ќе може да го провери статусот на лиценцата што го поседува една фирма или лице. Министерството за дигитална трансформација го претстави новиот концепт на „Смарт лиценци“, што треба да го заменат досегашниот начин на издавање и контрола на овие документи.

„Правното лице се најавува на националниот портал за електронски услуги и избира вид на квалификувана доверлива услуга, пополнува електронско барање и ги прикачува потребните прилози. Дел од податоците се превземаат автоматски каде што тоа е возможно, а дел се внесуваат и валидираат во процесот. Повратниот одговор е електронски документ или решение за одобрување, или решение за одбивање или пак решение за некомплетно барање. Кога лиценцата е одобрена таа се појавува во регистарот со статус „важечка“ и со можност за кју ар проверка.“ – вели Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

На 12 јуни започнуваат преговорите за „Роаминг како дома“

Наместо хартиени документи и чекање на шалтери, новиот систем е целосно дигитализиран. Со електронско поднесување на барања, без разлика дали е граѓанин или самата компанија што бара лиценца, тие ќе се обработуваат, податоците ќе се проверуваат, односно во реално време ќе се следи статусот на лиценцата.

„Тоа значи дека граѓанин, компанија, инспектор или друга институција не проверува стара копија или документ, туку ја проверува актуелната состојба. Со СМАРТ лиценците граѓаните добиваат можност за брза проверка на валидноста некоја лиценца, компаниите добиваат поголема доверба во правниот промет, намалена субјективност од администрацијата и помалку чекање во административни процедури, а институциите добиваат еден електронски регистар достапен во реално време со помалку хартија и барања за потврди и подобра инспекциска и јавна контрола.“ – изјави Андоновски.

Во Министерството за економија системот веќе се тестира, а надлежните очекуваат истиот да се прошири и во други области каде што државата издава лиценци и дозволи. Целта е проверката да стане побрза, администрацијата поефикасна, а граѓаните и компаниите да поминуваат низ помалку административни процедури.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: За два месеца, целосно нов аеродром во Охрид (ВИДЕО)

Целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи

To top