Партијата на косовскиот премиер Албин Курти освои најмногу гласови на предвремените избори одржани вчера, но тој нема да има мнозинство за сам да владее, бидејќи претстојат тешки коалициски преговори.
На третите избори во Косово за нешто повеќе од една година, партијата Самооопределување (Ветевендосје) на Курти освои речиси 43 проценти од гласовите, според резултатите од безмалу сите избирачки места, на гласањето на кое имаше ниска излезност.
Изборите се одржаа во услови на растечко незадоволство на гласачите од застојот во најмладата земја во Европа.
Ова е трето гласање за нешто повеќе од една година
Поларизираниот парламент на Косово не успеа да избере претседател во април, продлабочувајќи ја политичката криза што ја зафати земјата од неубедливите парламентарни избори во февруари 2025 година.
Косовската „Газета Експрес“ објави дека според податоците објавени до раните утрински часови, рангирањето на главните партии е следно:
Движење Самоопределување – 42,92% (297.296 гласови)
Демократска партија на Косово – 21,06% (145.856 гласови)
Демократска лига на Косово – 17,61% (121.976 гласови)
Алијанса за иднината на Косово – 7,18% (49.705 гласови)
Српска листа – 6,17% (42.761 гласови)
Демократска турска партија на Косово – 0,77% (5.334 гласови)
Процесот на броење е при крај, со над 99 проценти од гласовите веќе обработени.
Од 2.498 гласачки кутии, преброени се 2.483.