Бизнис

(Фото): Доделени наградите „Предводници на одржливиот развој” на Бизнис форумот за одржливост

Клубот на одговорни бизниси на Конект претставува уникатна платформа што им овозможува на компаниите да работат заедно со граѓанскиот сектор и институциите на заедничко креирање практични решенија на најголемите општествени предизвици. Клубот на одговорни бизниси е поддржан од 36 извршни директори на најактивните компании кои разбираат дека одговорноста и одржливоста е составен дел на бизнисот.

Денеска во Клубот на пратеници се одржа Бизнис-форумот за одржливост, на кој Клубот на одговорни бизниси на Здружението Конект во партнерство со Министерството за економија и труд на Македонија ги додели наградите „Предводници на одржливиот развој”, со кои се одликуваат компании и поединци што со своето работење придонесуваат за одржливо и одговорно општество.

Наградите им беа врачени на компаниите:

„Халкбанк АД Скопје” – Награда за климатска акција и зачувување на природата

„Македонски Телеком”/„Фондација Телеком за Македонија” – Награда „Партнерства за одржлив развој”

„ЕВН Македонија” – Награда „Бизнис и човекови права”

„Комерцијална банка АД Скопје” – Награда „Добри соседи”

„НЛБ Банка АД Скопје” – Награда за благосостојба на вработените

„Макпрогрес ДОО” – Награда за придонес кон квалитетното образование и искоренување на сиромаштијата

„Фармахем” – Награда за родово одговорни семејни политики за мали и средни претпријатија

„Алкалоид АД Скопје” – Награда за родово одговорни семејни политики за големи претпријатија

Компанијата „Пакомак” доби признание за мала компанија што покажува лидерство во промовирање одржлив развој, а признание за посветеност на родово одговорни семејни политики доби „Реплек АД Скопје”. Признание за посветеност на родово одговорни семејни политики во текстилната индустрија се додели на „Комфи Ангел”.

Повелбата „Горан Лазаревски” за заслуги во одржливиот развој ја доби Марјонка Велјановска извршнa директоркa на „Фармахем”. Наградата „Лидерство за одржлив развој” му беше доделена на г. Живко Мукаетов, генерален директор/претседател на УО на „Алкалоид” АД Скопје.

Форумот обедини над 100 претставници од бизнис секторот, институциите и граѓанските организации кои разменија ставови за актуелните трендови во одржливоста, ESG и улогата на компаниите во справувањето со развојните предизвици. Настанот вклучи инспиративни обраќања и говори, како и панел дискусија посветена на придонесот на компаниите кон општествениот развој.

  • „Одржливите практики, инвестициите во вработените, грижата за животната средина и одговорното корпоративно управување повеќе не се избор, туку неопходност за долгорочен успех и конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар. Преку Националната стратегија за МСП 2025–2030 и реформите во рамки на Планот за раст на ЕУ, се создаваат услови за зелена и дигитална трансформација, поголема продуктивност и нови можности за развој на бизнисите.” – изјави Државниот секретар во Министерството за економија и труд, Јумни Адеми.

  • „Одржливиот развој не е изолирана активност, туку интегриран пристап што ги поврзува економските, социјалните и еколошките аспекти на работењето. Компаниите имаат клучна улога – како работодавачи и двигатели на економијата – и преку нивните одговорни практики директно придонесуваат за подобро општество. Добитниците на наградите се пример дека вложувањето во луѓето, заедницата и ресурсите носи општествена вредност и долгорочна конкурентност.” – изјави извршната директорка на Конект, Никица Кусиникова.

Конект традиционално ги доделува наградите за одржлив развој во партнерство со Министерството за економија и труд и со поддршка на Програмата „Проширување на изборот” која ја спроведуваат Фондот за население на Обединетите нации и Конект, финансиски поддржана од Австриската агенција за развој (АДА) со чија поддршка за прв пат се воведе и награда за родово одговорни семејни политики. Наградените ќе бидат инспиративни примери на бизниси и поединци кои во секојдневното работење докажуваат дека бизнисот може да биде двигател на oдржливиот развој.

Клубот на одговорни бизниси на Конект претставува уникатна платформа што им овозможува на компаниите да работат заедно со граѓанскиот сектор и институциите на заедничко креирање практични решенија на најголемите општествени предизвици. Клубот на одговорни бизниси е поддржан од 36 извршни директор(к)и на најактивните компании кои разбираат дека одговорноста и одржливоста е составен дел на бизнисот.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

To top