Македонија

Што велеше Црвенковски за барањата на Бугарија наспроти Филипче денес (ВИДЕО)

Експретседателот на СДСМ со дијаметрално различни ставови од сегашниот во однос на источниот сосед

Како СДСМ дојде од „државотворна“ партија, за каква што се декларираше пред Зоран Заев да порача дека не ѝ личел патриотизмот, до мантрата на сегашниот лидер Венко Филипче за Бугари во Уставот се наметнува како прашање по изјавата на некогашниот прв човек на „Бихаќка“, Бранко Црвенковски, за односот на Бугарија кон Македонија.

„Откако Бугарија стана членка на Европската Унија многу граѓани на Македонија ‘се вратија на бугарските корени’. Зошто не се вратија пред Бугарија да стане членка на ЕУ?“, прашува меѓу другото поранешниот македонски претседател и премиер, кој го замрзна членството во СДСМ по „славното“ интервју на Заев за БГНЕС, во видеото споделено на Икс:

 

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top