Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадиновс експресно реагираше на веста дека Марјан Даскаловски поднел оставка од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица,
Првиот, но важен чекор е направен! – констатира Костадиновски во објава на Фејсбук:
„Ја поздравувам одлуката за избор на нов претседател на СДСМ Струмица.
Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи.
Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша.
Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира!
Нема повеќе време за чекање и калкулации.
Време е за нова енергија на терен и враќање на довербата но и со програма на реална основа!