Македонија

Мицкоски: Можно е намалување на даноците за транспорт, но не и за цигари

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со инфлацијата и разгледува таргетирани мерки во интерес на граѓаните, но засега нема да интервенира кај цените на алкохолните пијалоци и тутунските производи.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со инфлацијата и разгледува таргетирани мерки во интерес на граѓаните, но засега нема да интервенира кај цените на алкохолните пијалоци и тутунските производи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека просечната инфлација во првите четири месеци е под 4,5% и е меѓу најниските во регионот. Мајската инфлација на годишно ниво изнесува 4,7%, при што главните двигатели на растот се транспортните услуги и алкохолот, цигарите и тутунските производи.

„Во делот на алкохолните пијалоци, тутунот и цигарите нема потреба од никакви мерки. Напротив, можеби треба и поригорозни мерки, затоа што целта ни е да го заштитиме здравјето на граѓаните“, рече премиерот.

Тој додаде дека Владата разговара со транспортерите, бидејќи најголемиот дел од растот на цените во овој сектор доаѓа од авионскиот превоз и повисоките цени на керозинот.

„Тука може повторно да интервенираме во делот на даноците, но ќе почекаме да видиме што ќе се случува во текот на овој месец, па потоа ќе носиме одлуки“, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

To top