Македонија

Ферман од Даскаловски за оставката во СДСМ: Партијата се консолидирала во Струмица

Главниот игра на социјалдемократите во Струмица на последните локални избори

И покрај катастрофалниот пораз на последните локални избори, Марјан Даскаловски смета дека ја консолидирал СДСМ во Струмица, па решил да се повлече. За Алфа се правда дека на такво нешто не бил натеран од партискиот лидер Венко Филипче, туку вели дека баш по молба од него решил да биде претседател на општинската организација и петти мандат. Оставката на Даскаловски доаѓа само еден ден откако пред камерата на Алфа, во пресрет на 32-от конгрес на партијата, кажа дека рејтингот им бил мал.

-По завршувањето на четвртиот мандат не се кандидирав повторно бидејќи сметав и тогаш дека треба да дојдат помлади луѓе, па за претседател беше избран сегашниот пратеник Борче Цветков. За петтиот мандат ме замоли претседателот Венко Филипче, после големиот пораз на парламентарните избори, бидејќи никој не се јави на огласот за претседател на општинската организација Струмица, да се нафатам пак и да ја консолидирам општинската организација Струмица во која постоеше разочарување после парламентарните избори, вели Даскаловски за Алфа.

Ден пред поднесената оставка ништо не насетуваше на такво сценарио. Пред камерата на Алфа, Даскаловски кажа дека ќе се усвојува нова програма на партијата и дека се подготвувале за предвремени избори, но и кажа дека рејтингот им бил мал, нешто што изгледа не им се допаѓаше на раководството на партијата.

-Се спремаме за предвремени парламентарни избори, денеска треба да ја усвоиме програмата, има многу интересни работи. (Дали со овој рејтинг СДСМ е спремен за избори?) Па, рејтингот ни е мал, но се надеваме дека граѓаните гледаат, изјави Даскаловски пред два дена.

„Рејтингот ни е мал” ли му пресуди на Даскаловски? Оставка од првиот човек на СДСМ во Струмица

По оставката на Даскаловски, поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, на Фејсбук напиша дека СДСМ сега има шанса да се консолидира во овој град.

-Првиот, но важен чекор е направен!Ја поздравувам одлуката за избор на нов претседател на СДСМ Струмица.​Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи. Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша. Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира!, напиша Костадинов.

Костадинов: Првиот, но важен чекор е направен!

Даскаловски на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Струмица, но дожвиеа катастрофален пораз од речиси шест илјади гласа разлика, уште во првиот круг.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top