Македонија

Костадинов: Првиот, но важен чекор е направен!

Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша, вели поранешниот градоначалник на Струмица

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадиновс експресно реагираше на веста дека Марјан Даскаловски поднел оставка од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица,
Првиот, но важен чекор е направен! – констатира Костадиновски во објава на Фејсбук:
„Ја поздравувам одлуката за избор на нов претседател на СДСМ Струмица.
​Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи.
Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша.
Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира!
​Нема повеќе време за чекање и калкулации.
Време е за нова енергија на терен и враќање на довербата но и со програма на реална основа!

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top