Свет

Грција неделава на +43 степени

Земјата беше погодена од слични топлотни бранови неколку пати во последните години, што доведе до пожари, смртни случаи и сериозни економски штети…

Грција се подготвува за интензивен топлотен бран што почнува од денеска, со температури што се очекува да достигнат до 43 степени Целзиусови, пишува Катимерини.

Топлите воздушни маси што ја погодуваат земјата ќе предизвикаат екстремни услови најмалку до среда, а се предвидува дека невообичаено високите температури ќе продолжат до петок, според Националната метеоролошка служба (EMY).

Континентална Грција ќе биде најтешко погодена, а темпаратурата ќе се искачи до максимални 42°C и 43°C, .

Во Атина и Солун, се предвидува дека температурите ќе се движат помеѓу 39°C и 40°C, а исто ќе биде во источните острови во Егејското Море.

Грција беше погодена од слични топлотни бранови неколку пати во последните години, што доведе до пожари, смртни случаи и сериозни економски штети…

Ввластите предупредуваат дека оваа недела повторно ќе биде критична.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top