Македонија

Сиљановска-Давкова: Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања!

Изразивме различни ставови за можните решенија за отпочнување на македонските пристапни преговори, сподели претседателката на Македонија по средбата со Јотова

Шефицата на македонската држава синоќа на социјалните мрежи сподели оценка за вчерашната средба со бугарската претседателка Илијана Јотова, што се одржа на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, и на која фокус беше ставен на проблемите во билатералните односи поврзани со процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

„Изразивме различни ставови за можните решенија за отпочнување на македонските пристапни преговори“ вели петседателката Гордана Сиљановска-Давкова во објавата на Фејсбук..
„Укажав на неопходноста од интензивирање на комуникацијата меѓу училиштата, универзитетите, научните и културните институции, невладините организации и граѓаните заради надминување на предрасудите, зближување и разбирање.
Ја потенцирав важноста на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како обврска за сите земји-членки на Советот на Европа.
Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања!„ порача македонската претседателка.

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top