Македонија

Дури 235 луѓе истовремено земале и социјална помош и пензија

Неосновано исплатени 236 илјади евра за социјална помош, утврдил Државниот завод за ревизија во најновиот извештај. Станува збор за периодот од 2022 година до јуни 2025 година. Поради слабости во системските контроли, само за 2024 ревизорите утврдиле 235 корисници кои истовремено земале и социјална помош и пензија. Ревизорите предупредуваат дека ваквите состојби се ризик од нерационално трошење на јавните пари, оти ја намалуваат ефикасноста на системот за социјална заштита. Ревизорите посочуваат и на недоволна контрола од центрите за социјална работа, нецелосна документација, доцнење во постапките, како и неефикасно следење на враќањето на неосновано исплатените средства.

RADIOMOF

Ревизијата го опфатила периодот од 2022 година до јуни 2025 година и покажала дека системот не е целосно усогласен со законската и подзаконската регулатива. Ревизорите констатирале недоречености и неусогласености во правната рамка, особено во делот на документацијата што се прибавува по службена должност, што создава можност за различна примена во пракса и влијае врз правната сигурност, еднаквото постапување и ефикасноста на системот. Во постапките за остварување на правата од социјална заштита, центрите за социјална работа најголем дел од потребната документација ја обезбедуваат преку интегрираниот информациски систем СПИЛ и размена на податоци со други институции. Сепак, ревизијата утврдила слабости во размената на информации, што влијае врз навременото и правилно остварување на правата.

Поради недостатоци во системските контроли и размената на податоци, во 2024 година биле утврдени 235 корисници кои истовремено користеле права од социјална заштита и пензија, при што неосновано биле исплатени 14,5 милиони денари. Од нив, 10,8 милиони денари се однесуваат на гарантирана минимална помош, 426 илјади денари на траен надоместок и 3,3 милиони денари на правото на социјална сигурност за старите лица.

Ревизорите утврдиле и 11 корисници кои го користеле правото на социјална сигурност за старите лица без да го исполнуваат условот за возраст, при што биле исплатени над 3,2 милиони денари. Дополнително, кај 12 корисници не биле евидентирани податоци за користење паричен надоместок поради невработеност, поради што не биле донесени решенија за престанок или намалување на гарантираната минимална помош, а неосновано биле исплатени 740 илјади денари.

Ревизијата покажала и дека центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување не ја спроведуваат доволно ефикасно законската обврска за изработка и следење индивидуални планови за активација на невработените корисници на гарантирана минимална помош. Поради ограничени човечки ресурси и недоволна координација меѓу институциите, не се преземаат доволно мерки за нивно вклучување на пазарот на труд, што придонесува за подолга зависност од социјална помош.

Дополнително, ревизорите утврдиле слабости и невоедначено постапување во процесот на враќање на неосновано исплатени средства. Министерството за социјална политика, демографија и млади нема донесено јасни процедури за склучување и следење на спогодбите за враќање на средствата, поради што центрите за социјална работа различно ги определуваат роковите и начинот на отплата. Во најголем дел од центрите не е воспоставена ниту уредна евиденција за побарувањата и наплатата на средствата.

Според ревизорскиот извештај, Националната програма за развој на социјалната заштита 2022–2032 има ограничена имплементација, а не е воспоставен ниту предвидениот механизам за нејзино следење и евалуација. Годишните програми и стратешките планови на Министерството главно се насочени кон буџетски прашања, без јасни индикатори и проценка на ефектите од спроведените мерки.

Најнови вести од: Македонија

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско

Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа

„Македонија 2025“ отвора повик за стипендии за средношколци

Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот чекор во своето образование, личен развој и идни професионални цели.

(Видео): Пожар зафати викендички кај Штип, повреден е еден од газдите

Голем пожар одново се прошири кај Штип, а на социјалните мрежи се објавени очајнички повици за помош. Пожарникарите спасуваат луѓе кои се нашле во лозја, а зафатени се повеќе објекти, меѓу кои и неколку куќи, а досега е повреден најмалку еден човек.

Државата остана без 9,5 милиони евра од ИПА фодновите

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против странски државјанин и правно лице поради сомнежи за злоупотреби при реализација на проект за канализациска мрежа во Кичево. Поради раскинувањето на договорот, државата останала без 9,47 милиони евра од ИПА-фондовите.

To top