Македонија

Сиљановска-Давкова за МИА: Не е проблем во уставот, сме го менувале 36 пати

Секаде суверенитетот извира од граѓаните, а кај нас изгледа и од меѓународната заедница

Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот кој вели дека ќе го почитуваат националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата – истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во интервју за МИА, што ќе биде објавено викендов.

Во интервјуто со уредничката на МИА Пандорка Арсовска-Гацова, Сиљановска-Давкова бара Македонија да биде оставена да се европеизираме на патот, да стане компатибилна со она што го бараат Копенхашките критериуми.

,,Како? Не губејќи го времето на решавање историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова”, во мегаинтервјуто за МИА, што ќе биде објавено викендов.

Во однос на прашањето за нејзината порака од Бугарија, каде што учествуваше на самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ, дека процесот на проширување на ЕУ мора да се темели на Копенхашките критериуми, таа одговори дека не може европскиот конституционализам да опстои ако не ги почитува сопствените вредности.

,,Членот 2 на Договорот за ЕУ, повикува на почит на дигнитетот, слободата, еднаквоста, демократијата, владеењето на правото, на човековите права, вклучувајќи ги и малцинските. Тоа е нешто што е врзано директно за Копенхашките критериуми од ’93-тата година”, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и додава дека на овој член се повикува членот 49 од Договорот за ЕУ кога вели дека нивното исполнување е услов, и тоа не само политички, туку и правен услов за членство.

Уште поважен, можеби и порелевантен за нашиов случај, како што рече, е членот 4, став 2, „нешто што ние во уставното право го нарекуваме клаузула на национален идентитет, бидејќи јасно се вели дека Унијата ќе ја почитува еднаквоста на сите членки, не само на тие внатре, туку и на оние коишто сакаат да влезат внатре“.

,,Зошто? Бидејќи се однесува на националниот идентитет, на културниот идентитет и ова најважното – инхерентен на фундаменталните политички и уставни структури на државата”, додаде претседателката.

Значи, вели таа, ЕУ ќе ги почитува уставните и политичките структури.

,,А тука е и логиката на другата група држави, кои велат дека ова се однесува само на членките кои се внатре во ЕУ. Апсурдно е дека вие не мора да ги исполнувате овие критериуми кога аплицирате, ама откако ќе влезете… е, тогаш мора. Па ако е така, тогаш кога ќе влезат државите, сигурно ќе ги менуваат уставите. Има држави, како Италија и Холандија, кои немаат ниту еден збор за Европската Унија. Има држави коишто внесуваат најчесто една глава во Уставот што се однесува на односот меѓу уставното право, домашното, националното и акито, односно европското право. Ама ние со децении се хармонизираме. Со што се хармонизираме? Па точно со овие принципи бидејќи тие кореспондираат со Копенхашките критериуми и не случајно се утврдени”, истакна Сиљановска – Давкова.

Таа напоменува уште еден важен член, членот 4, ама сега ставот 3, бидејќи тој вели дека се поттикнува или се бара искрена соработка, па и во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, основниот принцип е bona fide.

,,Значи, пријателство и добрососедство, не непријателство и вето. И суштината на пријателството и на добрососедството е во преамбулата на Договорот. И таа вели дека нашиот сосед ќе нѐ помага на патот со сопствените искуства, исто така ќе ни го отвори патот кон Европската Унија и тоа некако звучи скандинавски. Ама не е така”, рече претседателката, притоа укажувајќи и на последниот релевантен член – членот 49, кој се однесува на тоа кога вие можете да влезете, кога може да станете членка на Европската Унија.

Таа појасни дека тој член многу убаво се осврнува на претходните што ги наброја – дали членката, кандидатката ги исполнува.

,,И понатаму следи она што го слушам деновиве и не го разбирам. Следи одлуката на парламентот, значи на македонскиот парламент со двотретинско мнозинство, кој треба да го чуе, преку пратениците, гласот на граѓаните. Како? Не само со двотретинското мнозинство, туку и со референдум на којшто граѓаните ќе одлучат дали се за членство во Европската Унија по ратификацијата од другите членки. Значи ние предложивме решение коешто не би го предложиле другите држави. Решение дека ајде и по 37-ми пат ќе менуваме Устав”, рече претседателката Сиљановска – Давкова, алудирајќи на тоа дека проблемот со нашето членство во ЕУ не е Уставот, зашто тој има веќе 36 амандмани, 36 пати е менуван и секогаш под влијание на меѓународната заедница.

Наместо уставен патриотизам, таа смета дека ние честопати се одметнувавме или префериравме не само уставен релативизам, туку дури и уставен нихилизам.

,,Зошто? Несоодветно однесувајќи се кон законот на законите, кон највисокиот закон секаде, ама и кон најсуштинската општествена повелба меѓу граѓаните. Општествен договор, што би рекол Жан-Жак Русо. Доказ? Тоа се 36 амандмани, најголем дел од нив иницирани од надвор. Прашањето е сега дали суверенитетот, при промените на Уставот, имавме предвид дека извира од граѓаните и им припаѓа ним, бидејќи обично сите преамбули ова го изразуваат и со првата реченица од преамбулата „Ние, народот…“ итн., „Ние, народот и меѓународната заедница“, или „Ние, народот и Европската Унија“, или… Но, зборуваме за Устав. И јас затоа секогаш потенцирам дека припаѓам на групата конституционалисти кои кога ги читаат темелните извори или уставните извори на Европската Унија, се разбира дека ги читаат не само низ очите на членките на ЕУ, туку и низ очите на кандидатите, сметаат дека тие треба европеизирани да отвораат поглавја, кластери или да бидат веќе со европски капацитет кога ќе влезат внатре”, истакнува претседателката Сиљановска – Давкова во интервјуто за МИА кое целосно ќе биде објавено викендов

Фото: МИА

Најнови вести од: Македонија

Македонија сама го решава проблемот со визи за професионалните возачи, вели Николоски

Maкедонија веќе има билетарални договори за транспортерите со Швајцарија, Хрватска и со Романија, а се работи и со Австрија, Германија и со Унгарија, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Им пречат македонштината, историјата и македонската приказна – ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ

Опозициската партија обвинува дека во видеото објавено по повод прославата се изоставени клучните државни достигнувања, како што се зачленувањето во ОН, НАТО и добивањето кандидатски статус за ЕУ.

Трпение до први септември, потоа протести на границите од транспортерите

Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тема на беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба.

Земјоделците, откупувачите и преработувачите се договорија: откуп на „ајварката“ од прва класа по 40 денари за килограм

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка.

Samsung ќе ги претстави најновите иновации во гејмерството на Gamescom 2026

Претставува интегрирано, full-stack искуство за гејмерство кое опфаќа компјутери, конзоли и мобилни уреди
Претставува производи, вклучувајќи ги Odyssey G8, Galaxy Z Fold8 Ultra, 9100 Pro SSD и други
Домаќин е на Светското финале #PlayGalaxy Cup со специјален натпревар помеѓу глобалните влијателни личности за видео игри

Силјановска-Давкова: За да влијаеме врз иднината, мора да ја уредиме сегашноста, младите да учествуваат во политиката и одлучувањето

„Пораката дека ‘иднината им припаѓа на младите’ не смее да стане оправдување за нивно исклучување од сегашноста.“ – порача претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова на средбата со млади во Охрид.

Дарувањето органи како надеж за нов живот: Два живота спасени благодарение на хуманоста на едно семејство

Во пресрет на 13 август – Светски ден на органодарителство, се приклучуваме на светската иницијатива за подигнување на свесноста за значењето на дарувањето органи и им се заблагодаруваме на сите семејства кои со својата одлука подариле живот. Бидете дел од промената. Бидете причина за нечиј нов почеток, велат од Министерството за здраство.

Вреди: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ и сопственост на Ахмети, ниту семејно наследство на неговата клика!

Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал, истакна на денешната прес конференција Дритон Сулејмани од политичката партија ВРЕДИ.

Најнови вести

To top