Македонија

Речиси 40 милиони евра за вработување на младите

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека за Оперативниот план за вработување во 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра, при што речиси 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка.

Младите остануваат во фокусот на политиките на Владата, а за мерките за вработување во 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра, со кои треба да бидат опфатени повеќе од 10.000 граѓани, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата наведуваат дека намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат меѓу главните приоритети на Владата, посочувајќи дека резултатите од досегашните мерки веќе се видливи.

  • „Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела, а не со зборови. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат врвен приоритет на Владата“, велат од партијата.

Според соопштението, преку Оперативниот план за вработување во 2025 година биле опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 млади до 29 години, додека биле отворени и близу 2.200 нови бизниси. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека средствата за Оперативниот план за вработување во 2025 година биле зголемени за 7,5 милиони евра во споредба со претходната година.

  • „Во 2026 година Владата оди чекор понатаму. Обезбедени се речиси 40 милиони евра за поддршка на вработувањето, со опфат на повеќе од 10.000 граѓани. Над 32 милиони евра директно се насочени кон мерки што ќе создадат нови можности за работа и економски развој“, се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека со Оперативниот план за 2026 година речиси 6.000 млади лица ќе бидат вклучени во активните мерки за вработување.

  • „Дополнително, илјадници млади ќе добијат поддршка преку младински додаток, практикантства и обуки за стекнување нови вештини“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се посочува и дека преку мерките за самовработување и поддршка за отворање нови работни места е предвидена стимулација за вработување на младите во производните капацитети.

  • „За околу 3.500 млади лица до 23 години е обезбеден младински додаток од 3.000 денари“, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека овие политики придонесуваат за создавање нови можности за младите и нивно задржување во земјава.

  • „ВМРО-ДПМНЕ гради економија што создава шанси, ги задржува младите дома и обезбедува сигурна иднина за секој граѓанин. Работиме посветено, инвестираме во луѓето и испорачуваме конкретни резултати“, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Осомничените за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, Вадедин Даути

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

To top