Македонија

„Замисли Македонија е во ЕУ, а Бугарија кандидат. Ќе ѝ бапнеме ли вето?“, прашува Илиевски

Реобјавен пост на Фејсбук од популарниот Бетмен во форма на прашања со безмалку извесни одговори

Телевизискиот водител Богдан Илиевски алијас Бетмен на својот профил на Фејсбук реобјави пост од пред четири години со спротивни улоги на Македонија и на Бугарија во контекст на Европската Унија.

Замисли хипотетичка ситуација: Македонија е во ЕУ од 2007-ма. Бугарија е кандидат од 2005-та. И сега треба да донесеме одлука дали ќе и бапнеме вето или не…

Дали ја условуваме со вето ако не ги промени учебниците по историја и да напише дека Гоце е Македонец, Баба Ванѓа е Македонка, Пиринскиот дел дека ни е неправедно одземен и еден ден треба да ни биде вратен, дека Александар и Филип се Македончишта, дека Св. Кирил и Методиј се Македончишта… Дали бараме ова да го учат во учебници по историја? Да го променат името на универзитетот во Софија (Св. Климент Охридски) или барем да стават таблички дека тоа е дел од македонската култура? Дали бараме од нив да напишат во учебниците дека потекнуваат од угро-турко-монголски племиња од долините на Хиндукуш и дека Москва ги создала и пресоздавала неколку пати? Дали ги тераме да признаат јавно дека барале да се 16-та земја на СССР пред 60 години и дека се измислени од Кремљ? Дека Бугарин не е национален поим туку политички, и порано и денес?
Или го баталуваме сето ова бидејќи не ни е гајле што учат во нивните учебници по историја бидејќи не сме фрустрирани малокурефци да го бараме тоа од нив – и ги пуштаме во ЕУ бидејќи како наши први соседи треба да имаат шанса за подобар живот?
Which is it? 😉“, прашува Илиевски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии

Очекуваме систем на гаранции од европските институции и решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја, рече шефот на македонската дипломатија

Македонската армија слави 34-ти роденден

Со учество во меѓународни мисии, поддршка на цивилните институции, исполнување на НАТО-целите за способности и континуирана модернизација, таа останува посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и нејзините граѓани.

To top