Со последната изјава во која се жали дека не е во владата лидерот на ДУИ всушност меѓу редови открива како ја гледа македонската политичка сцена во наредниве години.
Екс командантот за кого сите мислеа дека е мудар сега направи сериозна грешка јавно признавајќи дека човекот кој ќе одлучува за наредните најмалку неколку влади е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Со изјавата во која Ахмети вели дека господар на владата по наредните избори ќе биде Мицкоски домаќинот на Мала Речица го ,,закопа” лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Практично Ахмети порача дека Филипче е неважен играч кој нема да решава за ништо.
,,Оној што ќе ги добие изборите е легитимен претставник. Оној што ќе ги изгуби изборите, нека работи за да ги добие следните избори. Зошто Албанците да одат на избори, кога Христијан може да избере кого сака, кого го има за пријател и кого може да го намами во својот скут?“, праша лидерот на интегративците во својот говор на Изборното собрание на огранокот во Желино.
Ахмети го повтори својот став дека изборите се основа на демократскиот легитимитет и оти нивните резултати мора да бидат почитувани од сите политички партии, иако самиот по изборите во 2016 година, на кои во македонскиот блок победи ВМРО-ДПМНЕ, не го испочитува т.н. Мајски договор за формирање влада по принципот победник со победник.
Тој ни под разно не вели дека некој друг освен Мицкоски ќе решава за судбината на ДУИ по следните избори.