Бизнис

(Фото): Поскапуваат горивата

Од полноќ ќе важат нови цени на нафтените деривати, при што бензините ќе поскапат за 1,5 и два денари по литар, а дизелот за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ возачите повторно ќе плаќаат поскапо гориво. Иако цените на нафтените деривати на светските пазари во изминатата недела бележат пад од 2 до 5 отсто, бензините и дизелот во земјава поскапуваат поради враќањето на редовните акцизи во пресметката на Регулаторната комисија за енергетика.

  • „РКЕ во оваа пресметка ги вкалкулира референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), со оглед на истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата“, се посочува во соопштението од Регулаторот.

Најголемото поскапување ќе го почувствуваат корисниците на бензините. Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 87,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 поскапува за 2 денари и ќе се продава по 90 денари за литар. Дизелот добива поскромна корекција од 0,50 денари, па новата цена ќе биде 87,50 денари за литар. За разлика од горивата за транспорт, поевтинуваат горивата за греење и индустријата. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 86,50 денари за литар, што е намалување од 2,50 денари, додека мазутот поевтинува за 1,074 денари и ќе чини 46,223 денари за килограм.

Според РКЕ, референтните цени на светските пазари се намалиле за 2,18 отсто кај бензините, за 4,44 отсто кај дизелот, за 5,1 отсто кај екстра лесното масло и за 3,64 отсто кај мазутот. Сепак, ефектот од пониските берзански цени е неутрализиран од истекот на владината одлука за изменетата пресметка на акцизите. Регулаторот повторно ги вкалкулира референтните износи на акцизите за бензините и дизелот, што директно влијае врз крајната цена што ја плаќаат потрошувачите.

И покрај поскапувањето на одделни горива, РКЕ соопшти дека просечната цена на нафтените деривати формално се намалува за 0,10 отсто во однос на претходната одлука, главно поради поевтинувањето на екстра лесното масло и мазутот. Исто така, повисок за 0,5395 насто е и курсот на денарот во однос на доларот.

Од 16 јуни во 00:01 часот максималните цени ќе изнесуваат:

Трговците и понатаму имаат можност горивата да ги продаваат по пониски цени од максимално утврдените од РКЕ.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

Најнови вести

To top