Македонија

Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот

Премиерот Христијан Мицкоски го осудува инцидентот со палењето на двете дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје и вели дека Министерството за внатрешни работи за кратко време го обезбеди сторителот кој веќе го признал делото

Премиерот Христијан Мицкоски го осудува инцидентот со палењето на двете дипломатски возлиа пред Бугарската амбасада во Скопје и вели дека Министерството за внатрешни работи за кратко време го обезбеди сторителот кој веќе го признал делото.

-Мојот став е ист како оној на Владата, силно го осудуваме овој кривично правен настан. И она кое што можам да го кажам е дека лицето кое што е сторител на овој кривично правен настан е обезбедено и во моментот трае распит за да ги видиме мотивите што и како придонело да се случува ова кое што се случи во текот на денот, да видиме што го инспирирало ова лице да го направи тоа што го направи- вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во гостување во централниот дневник на АЛСАТ-М.

На прашањето дали има информација дали е изолиран случај, Мицкоски посочи дека тој би се воздржал од дополнителни коментари, како и дека лицето го признало делото, а официјалните лица вршат распит со него и очекува повеќе информации од распитот за кој рече дека ќе даде одговор на многу прашања.

Во однос на тоа дали имал комуникација со бугарските институции за инцидентот, Мицкоски рече дека Министерството за надворешни работи и надоврешна трговија е во постојана комуникација.

-Ме информираше министерот дека разговарал со неговата колешка. Така што, од наша страна ставот е јасен и на МНР, силно го осудуваме, лицето го обезбедивме за помалку од три часа и како институции уште една покажавме дека функционираме беспрекорно. Така што да видиме кои се мотивите за овој кривично-правен настан, потенцира Мицкоски.

44 годишен скопјанец ги запалил двете возила на Бугарската амбасада

Најнови вести од: Македонија

Мацинка: Приоритетна цел на Чешка е Македонија да стане час поскоро членка на ЕУ

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно таа час да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски.

Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ е приоритет за Република Чешка

Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава

To top