Македонија

„Курир“: Со достоинство и почит во Турција го пречекаа Мицкоски, оти ги штити македонските интереси, а на Заев ни знаме не му извадија, оти ги распродаваше!

„Светските лидери го препознаваат македонскиот премиер Мицкоски како државник, кој бескомпромисно работи во заштита на македонските национални интереси, а знаеја дека Заев беше човекот, кој ги распродаваше тие исти интереси. Затоа не ги гледаат со исти очи и не ги пречекуваат со иста почит. Како се однесуваш дома, така те третираат надвор!“ – нагласува информативниот портал „Курир“ во својата статија.

Натаму порталот истакнува: Во периодот што следи, односите меѓу Македонија и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, истакна премиерот Христијан Мицкоски по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која се одржа пред три дена, на 13-ти јуни. Тогаш, како пто се нагласува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратегиска соработка меѓу двете држави.


-На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната, се наведува во објавата на Мицкоски.
Премиерот посочува дека ја нагласил важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.

-Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес. Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот. Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, се наведува во информацијата.

Кога ќе ги погледнеме фотографиите објавени од оваа средба, не може, а да не се присетиме дека кога поранешниот премиер Зоран Заев оствари средба со Ердоган, се случи и дипломатско непочитување на нашата земја. Срамот, остана кај делегацијата и протоколот кои Заев ги носеше со себе, незаинтересирани или неспособни да проценат дека зад македонскиот премиер не е истакнато македонско и турско како што доликува, туку две турски знамиња.

Тоа говори многу за положбата на нашата дипломатија тогаш и денес, за разликата во ставовите на државните лидери. Оваа споредба е јасен показател дека иако домаќинот е ист, гостинот не е дочекан и испочитуван на исто ниво. Светските лидери го препознаваат македонскиот премиер Мицкоски како државник кој бескомпромисно работи во заштита на македонските национални интереси, а знаеја дека Заев беше човекот кој истите ги распродава. Затоа не ги гледаат со исти очи и не ги пречекуваат со иста почит, посочува „Курир“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Турската „Џаво отомотив“ отвора фабрика, ќе вработи 500 луѓе

Турската компанија „Џаво отомотив“, специјализирана за производство на автоделови, ќе инвестира во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, каде што од крајот на септември ќе отвори нов производствен капацитет и ќе вработи околу 500 лица. Инвестицијата, вчера, во Влада ја промовираа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според Мицкоски, станува збор за браунфилд-инвестиција која во првата фаза ќе стартува со закуп на постоен објект од 8.000 квадратни метри, додека до 2028 година производствените капацитети ќе бидат проширени на 21.000 квадратни метри.

Владата на Македонија го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки со Албанија – ќе стартува на Ќафасан

Денес на седница на Владата на Република Македонија е донесена одлука за пуштање во употреба на системот за заеднички гранични проверки („One Stop Shop“) со Република Албанија, соопшти заменик-министерката за внатрешни работи Венера Азизи.

To top