Македонија

ВМРО-ДПМНЕ слави 36 години постоење

На 17 јуни 1990 година беше одржано Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир. Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ кој верува во својата иднина.

– Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија – идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ. Во овие 36 години имавме и тешки моменти и големи искушенија. Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа – вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски во видео пораката што ја објави на својот профил на Фејсбук.

Според Мицкоски, денес партијата гледа напред, зборува за развој, за економски раст, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерна инфраструктура, за подобро образование, здравство и институции кои работат во служба на граѓаните.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на прес-конференција рече дека изминатите 36 години биле проткаени со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено.

И тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ сега е фокусира на иднината на Македонија и нејзините граѓани.

– Затоа одлучно работиме на подобар стандард на граѓаните, на развиена економија, на отворена соработка, одлучно работиме за подобра Македонија која достоинствено чекори кон ЕУ. Пораката „Македонија забрзува. Наша обврска“, ја нагласува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија – потенцира Ковачки и подвлече дека на собирот се добредојдени сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот на државата.

Ова е момент, дополни генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кога граѓаните треба да покажат дека заедно можат повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа.

 

Најнови вести од: Македонија

Разидувања во Владата на Бугарија?! – МВР дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини, но за МНР Чамова „тоа ќе биде контрапродуктивно за Бугарија“!

Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни. Блокадата, која ќе трае 2 часа, е организирана од антимакедонската бугарска Фондација Македонија. Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија. Но, министерката за надворешни работи од истата Влада на Бугарија нагласува дека „ваквите иницијативи не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес на Бугарија“! Значи ли ова дека за истата тема има разидувања во бугарската извршна власт?!

Мицкоски: В петок и сабота средби со Вреди и ЗНАМ за владината реконструкција

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска информираше дека во петок и сабота ќе се одржат средбите со коалициските партнери од Вреди и ЗНАМ, на кои ќе се разговара околу најавената реконструкција на Владата. „Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди останува стабилна и ќе продолжи да се развива во истиот правец.“ – нагласи Мицкоски.

Теодосиевски: Сектата СДСМ итно бара „Бугари во Уставот“ и да ѝ се седне на Бугарија во скут, што би бил историски, јазичен, идентитетски и национален масакр на Македонија!

„Ако ѝ седнете на бугарија в скут, тогаш следи историски, јазичен, идентитетски, национален масакр! Тоа ќе биде комплетен историски масакр на македонското право на сопствена историја, на саможртвата на оние национални револуционерни дејци, ќе биде черечење на македонскиот јазик како „блгарски дијалект“ (што неодамна, повторно, го слушнавме во Софија!), ќе претставува целосно откажување од македонските корени и национални проблесоци! Не е ли основен политички ред опозицијата конечно да се изјасни дали со прифаќањето на уцената „Бугари во Устав“ и т.н. „француска рамка“ за почеток на пристапните преговори едновремено ја прифаќаат и „заедничката историја“ и разрешување на оние „наследени политички и историски проблеми“, што им се вртат во главата на Радев и бугарските ултранационалисти? Зашто тој процес нема да биде уште една домашна политикантска манипулација како „Преспанскиот договор.“ – нагласува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Историски масакр во два чина, или: која историја (уште) ќе ја менуваат?“, објавена на порталот „Плус инфо“.

Георг Георгиев: Македонија ја нападна ЕУ!?

Нападот врз бугарската мисија во Скопје не е само напад врз една земја, туку е напад врз земја-членка на ЕУ, а во оваа смисла и врз целата Европска Унија, рече пратеникот од пратеничката група на ГЕРБ-СДС и поранешен министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој од собраниската говорница прочита декларација во име на пратеничката група.

To top