Спорт

Португалија со Кристијано Роналдо не го победи Конго

Само реми 1:1 за петтата селекција на листата на ФИФА против 46., иако поведе преку Невеш само по пет минути игра

Уште едно изненадување на Светското првенство во САД, Канада и Мексико приредија фудбалерите на ДР Конго, ремизирајќи 1:1 со фаворитот Португалија во Хјустон на стартот од групата К.

Португалците, предводени од еден од најдобрите светски фудбалери во историјата Кристијано Роналдо, рано поведоа, уште во 6. минута, преку Жоао Невеш, а израмни Јоан Виса во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме, постигнувајќи го првиот гол за својата земја на светските шампионати.

Конгоанците, кои го почнаа првенството како 46. на листата на ФИФА, со бодот против петтата селекција на планетата во моментов го продолжија неубедливиот старт на мундијалот на некои од најдобрите европски репрезентации, откако ни Шпанија, Белгија и Холандија не отворија со победа.

Најнови вести од: Спорт

To top