Македонија

Петрушевски: Филипче и Заев ветуваа живот за сите а донесоа уништување на се што е македонско

Желбата за власт толку го ослепила Филипче, што не гледа ништо пред себе и се спротивставува на државните интереси и согласен е на нови идентитетски отстапки и национални предавства

На денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски истакнаа дека додека СДС беше на власт, Венко Филипче и Зоран Заев, жедни и лакоми за ден повеќе на власт, прифатија и потпишаа бланко бел лист хартија со Бугарија.

СДС, Филипче и Заев ветуваа живот за сите, со богати граѓани, европско здравство и образование, модерна и просперитетна Македонија, а донесоа само криминал, уништување на се што е македонско и создадоа проблем таму каде што немаше.

Тој рече дека откако не исполнија ниту едно ветување, мислеа дека ако потпишат се што ќе им се даде, ако коленичат и ги гланцаат чевлите на некој европски бирократ тоа ќе им донесе победа на избори и така ќе останат на власт.

Сега од опозиција Филипче е надградена верзија на тој владејачки СДС и слепо прифаќа се што доаѓа од Бугарија, повтоено во надеж дека некој друг, а не граѓаните со глас на избори, ќе го донесат на власт.

Желбата за власт толку го ослепила Филипче, што не гледа ништо пред себе и се спротивставува на државните интереси и согласен е на нови идентитетски отстапки и национални предавства.

Според Перушевски за Филипче нема црвени линии за идентитетот, јазикот, културата, историјата, тој би ги дал на Бугарија без око да му трепне, само за власт. Затоа се претвори во пиун на Радев и вели дека македонскиот национален идентитет не е загрозен од бугарските ултиматуми кои пак велат дека историјата ни е заедничка, јазикот дијалект на бугарскиот, а македонските револуционери кои се бореле за автономна и независна Македонија, Бугари.

Филипче, на власт во Македонија не те носат странски држави, туку македонските граѓани со гласање на избори и тие те испраќаат во длабока опозиција на маргините на политичката сцена, каде што и си.

Наместо сојуз со туѓи држави и државници, потребна е коалиција со народот за одбрана и заштита на македонскиот национален идентитет.

Нема пазарење со македонскиот идентитет, СДС, Филипче и Заев никогаш повеќе.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top