Свет

Израелски војници уапсени во Белгија по жалба за воени злосторства од групи за човекови права

Двајцата војници приведени на музички фестивал по пријава за (не)дела сторени во Газа

Белгиската федерална полиција во неделата уапси двајца израелски војници кои се соочуваат со обвиненија за воени злосторства во Газа по жалба од две групи за човекови права.

Во соопштението на Фондацијата Хинд Раџаб (HRF) и Глобалната мрежа за правна акција (Glan) се вели дека двајцата биле во земјата за да присуствуваат на музички фестивал и оти судските постапки се во тек.

„Осомничените беа идентификувани и уапсени со јасна демонстрација на сила на фестивалот Tomorrowland во Бум“, соопштија групите.

„Мислиме дека сега ќе видиме домино ефект низ Европа и низ целиот свет“, изјавија оттаму, објаснувајќи дека обвинувањата поднесени против двајцата војници вклучуваат употреба на човечки штитови и безобѕирно уништување.

Доказите се собрани од сопствениот профил на социјалните медиуми на војниците.

„Едниот од нив објави видеа од неговата единица како крева во воздух имоти во Газа и во Либан. Другиот позираше до Палестинец кој неговата единица го користеше како човечки штит“, објаснуваат од групите за човекови права.

По приведувањето, војниците биле сослушани и потоа ослободени.

Апсењата се случија истиот ден кога белгискиот крал Филип ја опиша ситуацијата во Газа како „срам за човештвото“. Во говорот во неделата тој рече дека Белгија ги поддржува повиците на ОН за „итно ставање крај на оваа неподнослива криза“.

Најнови вести

To top