Македонија

Албанската влада одобри заеднички гранични премини со Македонија

Прв граничен премин со едношалтерски систем на македонско-албанската граница ќе биде Ќафасан

Советот на министри на Албанија го одобри билатералниот договор со Владата на Република Македонија за обединување на процедурите за контрола во граничната зона.

Одлуката предвидува воспоставување заеднички гранични премини и спроведување интегрирани контроли меѓу структурите на двете земји. Таа е донесена по предлог на министерот за внатрешни работи, а со цел олеснување на движењето на граѓаните и на стоките, како и зголемување на безбедноста на границите.

Според официјалниот текст на владината одлука, договорот воспоставува нова оперативна рамка за управување со границите меѓу двете соседни земји.

Одлуката стапува во сила веднаш, а прв што ќе биде опфатен е граничниот премин Ќафасан кај Струга.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Возачи од странство чекаат да платат казна од „Сејф сити“ на граница, без да платат не можат да заминат

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички.

To top