Македонија

До крајот на месецот да бидат исполнети 9,5 од 10 обврски од Реформската агенда, вели Сали

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали очекува дека Владата ќе успее во грејс-периодот до 30 јуни, да заврши 9,5 од 10 обврски од Реформската агенда. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, тој вели дека се работи максимално за да се исполни она што се очекува

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали очекува дека Владата ќе успее во грејс-периодот до 30 јуни, да заврши 9,5 од 10 обврски од Реформската агенда.

Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, тој вели дека се работи максимално за да се исполни она што се очекува.

На новинарско прашање како би се постигнало тоа, со оглед на тоа што до крајот на месецот има уште неколку дена, а меѓу „заглавените“ задачи е и Изборниот законик, од чие усогласување опозицијата се повлече, Сали верува дека и таа обврска ќе биде исполнета.

– Интензивно се работи. Опозицијата јавно изјавува дека нема да пречи на Реформската агенда и сите закони коишто се во делот на Реформската агенда. Од друга страна, ја бојкотира работата на Комисијата. Меѓутоа, тоа е нивна политичка одлука. Ние продолжуваме со работа – изјави Сали.

Прашан дали се согласува со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека граѓаните треба да се подготват за маратон на патот кон ЕУ, Сали вели дека е забележливо оти Македонија има посебен маратон во процесот на интеграции, а тоа се гледа преку Реформската агенда на која се работи интензивно.

– Ние мораме и овој дел да го завршиме, којшто морам да признам дека не е едноставен и лесен. Дури во техничкиот дел многу е покомплексен и потежок, затоа што треба сите институции да се адаптираат на целото ’аки’, на сите закони коишто владеат во Европска Унија. И тоа е процес во којшто сме вклучени повеќе институции – рече Сали.

Прашањето за внесување на Бугарите во Уставот, според Сали не е тешка политичка одлука ниту, пак, е технички неизводлива со оглед на распоредот на пратениците во Собранието.

– Значи, во овој процес не би се навраќал на минатото. Затоа што трае повеќе од 25 години и е тежок процес за државата, за граѓаните, очекувањата се големи. Значи, не би се навраќал на изминатиот период, затоа што ако се навратиме ќе останеме. Сигурно има одлуки, изјави коишто биле на штета на државата итн. Меѓутоа, да гледаме перспективно во иднина, сметам дека имаме перспектива и нашите пријатели во меѓународните институции, во Европска комисија и челниците на поголемите држави во Европска Унија ни даваат знак дека процесот на проширување не е запрен, дека има волја за поддршка, не поддржуваат на патот којшто ние го одиме заедно со нив.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top