Македонија

Почина Јован Павловски, новинар, уредник професор по новинарствто

Замина уште едно големо име на македонското новинарство

Веста за заминувањето на едно од најзначајните имиња во македонското новинарство, но и публицистика, утрово ја сподеи неговиот син, Мишел Павловски.

Со само една реченица, зашто за Павловски и многу новинарски редови се премалку…

Јован Павловски почина на 89-.годишна восраст.

Друштвото на писателите на Македонија се огласи по повод заминувањетто на Јован Павловски – поет, раскажувач, романсиер, публицист, енциклопедист; член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 г. и негов претседател од 1992 до 1996 и од 2006 до 2008 г.

Роден на 10 септември 1937 година во Тетово, тој е автор на повеќе од дузина збирки песни: „Август“ (1962), „Медеја“ (1969), „Идентитет“ (1974), „Оксидирања“ (1983), „Прераскажување на ентитетот“ (1985), „Строгоста на живеењето“ (1988), „Последните 48 часа на професорот по историја“ (1993), „Стварна промена“ (1996) „Одработен страв“ (1999), „Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ“ (2000, поема), „Стравот на професорот“ (2001), „Две поеми“ (2010), „Ноќна поема“ (2010). Автор е на романите: „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ (1972), „Сок од простата“ (1991, коавтор), „Проверка на слободата“ (1998), „Град, години, луѓе“ (2009); на романите за деца и млади: „Блиско сонце“ (1975) и „Значка“ (1976); на збирката раскази „Семејни иверки“ (2003); на збирките раскази за деца и млади: „Близини“ (1977) и „Луѓе во зло време“ (1986). Освен тоа, тој е автор и на повести, есеи, како и на повеќе од дузина енциклопедии за македонската историја, уметност и култура.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top