Свет

Трамп ja спомна Македонија, па ја отвори темата за Охридскиот рамковен договор од 2001

Одлуката претставува продолжување на долгогодишната американска политика насочена кон зачувување на стабилноста и безбедноста во регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД. Според објавата во Федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.

Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор од 2001 година, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година. Вашингтон оценува дека и натаму постојат околности кои бараат продолжување на вонредната состојба и санкциските механизми поврзани со Западен Балкан. Одлуката претставува продолжување на долгогодишната американска политика насочена кон зачувување на стабилноста и безбедноста во регионот.

Регулативата беше проширена во 2003 година за да вклучи активности што го попречуваат спроведувањето на Охридскиот договор во Македонија, а беше дополнително проширена во 2021 година со извршна наредба на претседателот Џо Бајден. Во тоа време, како причини се наведуваа поткопувањето на повоените договори и институции создадени по распадот на поранешна Југославија и широко распространетата корупција што го попречува демократскиот развој и интеграцијата на регионот во евроатлантските структури, пишува N1 Србија.

На почетокот на 2025 година беше усвоена нова извршна наредба, која ги опфаќа обидите за загрозување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на мировните договори, сериозна корупција и избегнување на санкциите на САД.

Најнови вести од: Свет

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

Сенатот не му дава на Трамп да војува со Иран

Во објава доцна синоќа, Трамп го критикуваше гласањето, нарекувајќи го „лошо темпирано“ и бесмислено, и ги обвини оние кои гласаа за резолуцијата дека му даваат поддршка на Иран и уште повеќе му го отежнуваат извршувањето на неговите должности

Најнови вести

To top