Свет

Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, кој овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“

 

Законот за обединување со Молдавија беше поднесен на 14 април годинава од „S.O.S. Романија“ и веќе се смета за усвоен од страна на Домот на пратениците поради истекот на рокот за разгледување на законот, објави романската агенција Агерпрес.

Маја Санду: Би гласала за обединување на Молдавија со Романија

Сепак, предлогот мора да го разгледа и Сенатот, кој ќе ја донесе конечната одлука.

За време на вчерашната седница на Домот на пратениците, претседателката на седницата, Наталија Интотеро, го спомена предметниот закон, наведувајќи дека предлогот за обединување на Романија и Република Молдавија, бидејќи истече рокот за дискусија и конечно гласање, се смета за усвоен.

Според законот, „романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, кој овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“.

„Романскиот парламент одлучува за обединување на Романија и Република Молдавија“, се наведува во предлогот, истакнувајќи дека „романскиот парламент ја овластува владата на земјата веднаш да започне преговори со властите во Кишињев за финализирање на обединувањето со Република Молдавија“. Во предлогот се наведува дека оваа одлука мора да ја усвои молдавскиот парламент.

По усвојувањето на овој закон и неговото објавување во Државниот весник, надлежните меѓународни тела, владата на Република Молдавија, САД, НАТО, ОН и ЕУ ќе бидат известени за спроведување на одредбите од законот, се наведува и во предлогот „С.О.С. Романија“.

Во образложението на предлогот се објаснува дека ова отвора пат за преговори за враќање на териториите „насилно одземени од болшевиците со помош на големите сили“. Покрај тоа, според „С.О.С. Романија“, главните политички сили во Романија и мнозинството во Република Молдавија во моментов сакаат такво обединување.

Само како потсетување, во раните 90-ти, владата на Молдавија предводена од тогашниот премиер Мирчеа Сњегур, се обиде да спроведе референдум за соединување со Романија, но тоа не успеа…

Најнови вести од: Свет

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

Сенатот не му дава на Трамп да војува со Иран

Во објава доцна синоќа, Трамп го критикуваше гласањето, нарекувајќи го „лошо темпирано“ и бесмислено, и ги обвини оние кои гласаа за резолуцијата дека му даваат поддршка на Иран и уште повеќе му го отежнуваат извршувањето на неговите должности

To top