Македонија

Волци побегнале од кафез во Зоолошката градина во Скопје, изеле кенгури и ему птици

Неофицијално, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под оградениот простор и да излезат од живеалиштето.

Сериозен инцидент се случил во Зоолошката градина во Скопје, откако белите волци наводно избегале од своето живеалиште и усмртиле неколку животни и птици, објави порталот „Петс.мк“. Според информациите кои ги објави порталот, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под оградениот простор и да излезат од живеалиштето.

Како што пишуваат, при бегството волците нападнале и усмртиле четири кенгури и неколку ему птици, а според нивните извори, на вработените во Зоолошката градина им биле потребни неколку часа за да ги пронајдат и повторно да ги вратат животните во нивното живеалиште.

Од Зоолошката градина во Скопје засега нема официјална потврда или соопштение за настанот. В.д. директорката на ЗОО Скопје, Катерина Костова, не одговорила на нивните повици за да даде појаснување за околностите под кои се случил инцидентот, како и за безбедносните мерки во живеалиштето на волците.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 јули строги правила за влез во ЕУ за комбиња и лесни камиони

Европските институции очекуваат новите мерки да придонесат за поефикасен надзор врз меѓународниот транспорт, подобра контрола на движењето на возилата и построго почитување на правилата за работното време на возачите.

Мицкоски: Соседна држава шири теза за запирање на европските фондови со цел да банкротираме и да прифатиме сè што се бара од нас

Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза и додаде дека сознанијата доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

To top