Македонија

Охриѓанец оштетил шест коли со 1,51 проценти

Лишен од слобода маж од охридско, со 1,51 промили алкохол во крвта управувал „мерцедес“ во Охрид и оштетил шест возила, следува соодветна пријава

На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско.

Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички возила, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што е приведен во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Василевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?

Пратеничката посочува дека кога ќе дојде редот да се работи на реформите , од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање

To top