Македонија

Продолжува пеколно топлото време – денеска до +39 степени

Живата во термометрите во главниот град ќе се искачи до плус 38 Целзиусови степени

 

И денеска во Македонија времето ќе биде сончево и многу и топло со мала локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервал од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна се очекува да достигне и до 39 степени.

Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Живата во термометрите во главниот град ќе се искачи до 38 Целзиусови степени.

Сончевото и многу топло време, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи до утре, кога во попладневните часови се очекува земјава да биде зафатена од циклонска активност, која ќе донесе променлива временска состојба, односно ќе облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пообилен пороен дожд, грмежи и за засилен ветер.

Наместа, велат од УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува повремено засилен ветер, претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен должд Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 километри на час.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top