Македонија

Мицкоски: Нема да бидам претседателски кандидат

По завршувањето на мојот мандат како премиер, ќе се вратам на универзитетот, меѓу студентите, вели актуелниот премиер

Актуелниот премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека нема да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година.

„Гледам дека во јавноста се шпекулира дека мојот предлог за вклучување на дијаспората во електронското гласање, почнувајќи од претседателските избори во 2029 година, е поврзан со мојата амбиција да се кандидирам за претседател.

За да се стави крај на овие шпекулации, сакам јасно да ставам до знаење дека нема да бидам кандидат.

По завршувањето на мојот мандат како премиер, ќе се вратам на универзитетот, меѓу студентите. Нема да се кандидирам за претседател на Владата, ниту за шеф на држава, бидејќи немам амбиција ниту желба за таква функција“, нагласи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство: барал 100 илјади евра мито, за да одобри увоз на вештачко ѓубре!

Според неофицијални информации, станува збор за Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделие, кој бил фатен при барање и примање поткуп од околу 50.000 евра. Анакиев е на функцијата од јули 2024 година. На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници.

Во скопски Аеродром девојчиња ѝ удираат шлаканици на врсничка и ја влечат за коса, додека моли за милост, клекната на колена, а други ја снимаат „забавата“! (Видео)

На општествените мрежи се појави вознемирувачка снимка, која прикажува нов случај на брутално врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром: девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, додека присутните го снимаат инцидентот без да интервенираат. Ова предизвика бурни реакции во јавноста.

Д-р Лилјана Ристевска избрана за претседател на „Црвениот крст“

Изборот претставува важен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјава, како и благодарност за нејзината долгогодишна посветеност, професионалност и активен придонес во развојот на Црвениот крст

Најнови вести

To top